ПОЕН ја поздравува одлуката на Европската Комисија за започнување на преговорите за членство во ЕУ

Скопје, 18.04.2018 година Партијата за општествен и економски напредок „ПОЕН“ ја поздравува одлуката на Европската Комисија да даде препораката до Европскиот Совет да Македонија безусловно ги започне преговорите за членство во Европската Унија.

Извештајот за напредокот на земјата од страна на ЕУ покажува дека Република Македонија, успешно се врати на патот кон Европските интеграции, преку посветеноста кон реформите и исполнувањата на „препораките на Прибе“ и спроведувањето на владината програма „3-6-9“. Партијата за општествен и економски напредок „ПОЕН“ е уверена дека овој прв успех кон европските и НАТО интеграции, е само почеток на процесот што побарува уште поголема посветеност, енергија, труд и ентузијазам а сите чинители на општествениот, економскиот и политичкиот живот на Македонија, и се разбира на сите граѓани на Република Македонија.

NEWSLETTER

Stay up To date with our newsletter. We Do Not Spam.

©2024 -ПОЕН - Партија за општествен и економски напредок

Search