On line сесија

Почитувани,

Партијата за општествен и економски развој (ПОЕН) преку нејзиниот Академски совет има зацртано, покрај другите активности, неколку on line сесии  за актуелни настани кои ја карактеризираат општествената состојба и ги означуваат основните трендови на македонското општествено пулсирање и креација.

На стартот од овие определби се одржа сесија за состојбите со изборниот систем во Република Северна Македонија, неговите функции и адекватност на изборниот модел за успешно авансирање ма македонската демократија и дострелите во европеизацијата на општеството. 

На пошироката јавност и` е познато дека во изминатиот изборен циклус група пратеници, меѓу кои и тогашниот пратеник д-р Рубин Земун (претседател на ПОЕН), поднесоа иницијатива во Собранието на РСМ, за преиспитување на ефикасноста на важечкиот изборен модел со конкретен предлог тој модел да биде заменет со формулата “една изборна единица на целата територија на РСМ и отворени изборни листи за пратеници”. Оценка беше дека овој модел би бил многу посоодветен за функционирањето на овој дел од демократскиот политички систем на македонската држава. За жал, динамиката на политичките настани и Ковид-кризата во републиката не дадоа можност за ова прашање да се разговара од собраниската говорница.

Поаѓајќи од значението на ова прашање ПОЕН смета дека расправата за него треба да го задржи вниманието на општествената и на стручната јавности и низ една сеопфатна дискусија да се оцени потребата од промена на актуелниот изборен модел и негова замена со поделотворниот модел на една изборна единица и отворени листи, зашто тој дава поголеми можности за развој и функционирање на македонската демократија.

Заради тоа, ПОЕН организираше on line сесија во  јануари 2021 година на оваа тема и со тоа се вклучи во општите напори на македонските граѓани за изнаоѓање на најоптимални решенија за конституирање на македонското собрание со квалитетни и високо одговорни пратеници посветени на остварувањето на општествениот интерес на РСМ.

На сесијата зедоа учество: проф. Д-р Рубин Земон, проф. Д-р Ѓорѓи Тоновски, проф. Д-р Темелко Ристески, проф. Д-р Илија Ацески, проф. Д-р Мерсим Биљали, проф. д-р Бојана Наумовска, м-р Милка Тодоровска, и м-р Симона Ристевска. Нивните настапи беа директно пренесувани преку социјалните мрежи.

Авторските текстови за оваа тема на овие афрмирани истражувачи во сферата на општествените процеси ги пренесуваме во целост на сајтот на ПОЕН, насловено како ДЕБАТИ. Благодариме за соработката. 

Со почит,

Академски совет на ПОЕН

 

NEWSLETTER

Stay up To date with our newsletter. We Do Not Spam.

©2024 -ПОЕН - Партија за општествен и економски напредок

Search