Врз основа на одлуката на ИО на ПОЕН на седницата одржана на дена 24 Мај 2022 за свикување на Конгрес на ПОЕН, како и врз основа членот 75 став 2 од Статутот на ПОЕН, Kомисијата за спроведување на постапката за избор на претседател на Партијата објавува
П О В И К
За кандидирање за претседател
на Партијата за општествен и економски напредок – ПОЕН
Право за кандидирање има секој член на ПОЕН, што го има ажурирано членството за 2022 година.
Кандидатот покрај потврда за ажурирано членство за 2022 година, треба да достави кратка биографија, мотивационо писмо и краток концепт со приоритети доколку биде избран(а) за претседател на ПОЕН.
Сите потребни документи треба да се достават во електронска форма на е-маил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., најдоцна до 20 јуни 2022 година во 17 часот.
Кандидацината комисија непотполните кандидатури нема да ги достави до Конгресот на ПОЕН за понатамошно процесуирање.
Врз основа на членот 76 од Статутот на ПОЕН, изборот на Претседател на ПОЕН се врши со тајно гласање, освен ако не е со деловник уредено на друг начин.
Избрани се оние кандидати кои што добиле најголем број гласови,односно мнозинство од присутните,но притоа мораат да имаат повеќе од 1/3 гласови од вкупниот број на членови на избирачкото тело.
Доколку во првиот круг не биде избран ниту еден од кандидатите, во вториот изборен круг влегуваат двајцата кандидати кои што освоиле најголем број на гласови,а за избран се смета кандидатот кој што добил најголем број на гласови.
Изборот за престедател на ПОЕН ќе се врши на Конгресот на Партијата закажан за 25 јуни 2022 година во Охрид.
Партија за општествен и економски напредок – ПОЕН
Комисија за спроведување на постапка за избор
на претседател на Партијата
Претседател,
Љупчо Петровски