ПОЕН го поздравува Преспанскиот договор

Политичката партија ПОЕН (Партија за општествен и економски напредок), го поддржува и поздравува чинот на потпишувањето на т.н. Преспанскиот договор, кој се случи вчера во малото место Псарадес (Нивици) во грчкиот дел на Преспанскиот регион, со што треба да се стави крај на децениските спор за името и другите недоразбирања меѓу двете земји од минатото.

Решението и процесот низ кој поминавме ни донесе пријател за кој до вчера не се сметаше за таков. Исто така сметаме дека со заедничка изградба на просперитет преку посилна економска соработка ќе се олесни трговијата, инвестициите, протокот на луѓе и технолошки напредок. Како политичка партија која се ангажира за општествен и економски напредок на земјата и на сите граѓани на Република Македонија, сметаме дека со ваквиот чин ќе се отвори вистински пат за соработка и нашата земја конечно ќе добие датум за започнување на преговорите за полноправна членка на ЕУ, како и покана за членство во НАТО. Партијата за општествен и економски напредок ги поддржува и почитува различните ставови и мислења поврзани со Преспанскиот договор, но го осудува насилството на протести, како и говорот на омраза особено по социјалните мрежи. Ги повикуваме сите граѓани на Република Македонија, да останат присебни во искажувањето на своето мислење, да се почитува туѓото мислење и преку дијалог и разбирање да се, како европска земја и како граѓани со европски манири, да го заокружиме процесот на европските и атланските интеграции, што нашата земја ги заслужува.

NEWSLETTER

Stay up To date with our newsletter. We Do Not Spam.

©2024 -ПОЕН - Партија за општествен и економски напредок

Search