Алијансата за позитивна Македонија се преименува во Партија за Општествен и Економски Напредок- ПОЕН

Главниот одбор на Алијансата за позитивна Македонија, на седницата одржана во Ресен на 8 декември 2017 ја потврди посветеноста на партиското раководство да дава позитивен конструктивен придонес на политиките на Владата на Република Македонија кон брзото враќање на патот кон НАТО и ЕУ интеграциите, преточена во владината програма наречена „3-6-9“.

Партијата донесе одука да се преименува во „Партија за општествен и економски напредок“ или скратено „ПОЕН“, како и да започне процедура за пристапување кон Европската слободна алијанса (ЕФА) како придружна членка. Новото име на Партијата ќе се користи откако ќе се запише во судскиот регистар. На седницата на Главниот одбор за нов претседател на Главниот одбор е избран Димитар Илиевски, како и се направи мала реконструкција на Извршниот одбор на Партијата. Со тоа раководство на Партијата го сочинуваат: 1. Проф. д-р Рубин Земон, претседател на Партијата 2. Димитар Илиевски, претседател на Главниот одбор 3. Антонио Секуловски, в.д. секретар на Партијата 4. Никола Шалваринов, член на Извршен одбор (ИО) и секретар за меѓународна соработка 5. М-р. Ирена Оровчанец, член на ИО 6. Мирослав Анастасов, член на ИО 8. М-р. Дијана Марковиќ, член на ИО 9. Благоја Костовски, член на ИО 10.Медо Балиќ, член на ИО

NEWSLETTER

Stay up To date with our newsletter. We Do Not Spam.

©2024 -ПОЕН - Партија за општествен и економски напредок

Search