Хуманитарна акција за помош на 500 загрозени семејства

Хуманитарна акција за помош на 500 загрозени семејства

Почитувани,

Партијата ПОЕН предводена од претседателот Рубин Земон и секретарот на партијата Александар Манасиевски, деновиве спроведоа хуманитарна акција за помош на 500 загрозени семејства со прехранбени пакети.


Благодарност на сите донатори и волонтери што во овие тешки пандемиски денови ги посетуваа домовите на семејствата за да им ја достават помошта.

Воедно оваа акција немаше да биде целосна доколку не се придружија и членовите на Здружението на Египќаните од Охрид на чело со Арбен Демироски, за доснабдувањето и логистичката поддршка.

Акцијата ќе продолжува и со наредни проекти идниот месец и се додека трае Корона кризата.

Ги повикуваме сите компании, институции, организации и лица да ни се приклучат или било како придонесат во наредните акции ,,ЗА СОЛИДАРНОСТ И ХУМАНИЗАМ".

Уште еднаш голема благодарност до општествено одговорните компании: ,,Подгорка" од Струга, ,,Славија" и ,,Рио Кафе" од Скопје, како и ,,Теба лтд" од Охрид.

Со почит,
ПОЕН

NEWSLETTER

Stay up To date with our newsletter. We Do Not Spam.

©2021 -ПОЕН - Партија за општествен и економски напредок

Search