СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА 2/2019

Во врска со најновите случувања со ОО на ПОЕН во Охрид ве молиме да ја информирате јавноста за следното:

Партијата за општествен и економски напредок „ПОЕН“ е партија со либерал- демократска и социјал-демократска провиненција, која се бори за поголема демократичност во општеството, економски развој и интензивни рурални политики, владеење на правото, развој на мултикултурното општество и интеркултурализмот, слобода на говорот, социјална кохезија, и општествена правда. Токму поради ваквото политичко позиционирање, Партијата е ранлива од етно-национализмот, кој се појавува центрифугално и центрипетално.

Но, ПОЕН во исто време е и многу витална, па во изминатиот период од 5-годишно постоење, пребродила многу упади и разни удари. Истрајноста и упорноста на нашите програмски приоритети допринела да партијата ПОЕН е угледна и респектабилна во електоратот низ цела Република Северна Македонија, но и кај меѓународната заедница.

За жал, новото раководство на ОО на ПОЕН во Охрид, повеќе од една година наместо да води политики на развој на  мултикултурниот Охрид, упорно беше водена од етноцентризмот кон заедницата на Египќаните во Охрид, што не беше случај со претходните две раководства на општинската организација, предводени од Ѓоко Стрезовски и Зоран Стевоски. Ваквата поставеност на општинската организација на ПОЕН во Охрид, предводена од Вахид Мемед, доведе и до програмски несогласувања, што на крај резултираше со оставка на Вахид Мемед и најверојатно на дел од неговата екипа, како и нивно приклучување под закрилата на ДУИ и познатиот бизнисмен од Охрид, Нефи Усеини, кој најверојатно може и да им ги задоволи личните интереси на поединците. Индикативно е тоа, што оставката на Вахид Мемед се поднесе јавно на многу несоодветен и „транспарентен“ начин, токму на денот кога во Собранието нашиот пратеник Рубин Земон водеше конструктивна дебата со пратениците на ДУИ за предлог законите поврзани со основањето на новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, а нашите залагања се да тоа министерство наместо моно-етничко (како сега е предвидено со предлог законското решение) да биде мултиетничко, т.е. да има мултикултурен и интеркултурален карактер и да се залага за развој на концептот на Едно општество за сите.

Поради претстојните претседателски и локални избори, ПОЕН од почетокот на Март оваа година е премината во штапско работење и така ќе функционира се до завршувањето на изборите во Мај 2019. Партијата штапски ќе функционира и во општина Охрид, а после изборите ќе се избере ново општинско раководство.

Секторот  за односи со јавноста

 

NEWSLETTER

Stay up To date with our newsletter. We Do Not Spam.

©2024 -ПОЕН - Партија за општествен и економски напредок

Search