СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА 3/2019

Партијата за општествен и економски напредок „ПОЕН“, смета дека Комитетот за односи меѓу заедниците мора да заседава и да даде мислење пред одржувањето на комисиската расправа во Собранието на Република Северна Македонија во второ читање за предлог законите за изменување на Законот за Влада и изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, со кој се укинува Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и се формира ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

ПОЕН смета дека не само во постапката за донесување на овие два закони, туку воопшто во практиката на функционирањето при донесувањето на закони или други акти на Собранието, Комитетот за односи меѓу заедниците крајно е маргинализиран. Овој Комитет е формиран врз основа на амандманот XII на Уставот донесен во 2001  врз основа на Рамковниот договор, кој помеѓу другото треба да разгледува начелни прашања од областа на односите меѓу заедниците и извршувањето на законите, другите прописи и општи акти со кои се уредуваат односите меѓу заедниците, како и да укажува на потребата за донесување закони и други прописи и општи акти со кои се уредуваат односите меѓу заедниците.

За маргинализацијата на улогата на Комитет за односи меѓу заедниците, повеќе години укажуваат невладините организации како и меѓународната заедница особено извештаите на Европската комисија и на разните комитети и комесаријати на Советот на Европа, како и Високиот комесаријат за национални малцинства при ОБСЕ. За жал тековниот пратенички состав  продолжува со праксата за маргинализирање на улогата на Комитетот, па досега ја има одржано само конститутивната седница, а за битни прашања во врска со надлежностите што и се пропишани воопшто не заседавал. Ниту законската обврска да по принцип на ротација еднаш годишно се избира претседател и заменик на Комитет од редовите на членовите на Комитетот, воопшто не е извршена.

Укинувањето на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и формирање на ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, се прашања по кој мора да заседава Комитетот за односи меѓу заедниците и за тоа да донесе одлука или мислење, кое ќе го разгледа Собранието. Партијата за општествен и економски напредок „ПОЕН“ го повикува претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците господинот Реџаил Исмаили да веднаш свика седница на Комитет, а ако тоа не го стори, тоа да го побараат најмалку 7 члена на Комитет за односи меѓу заедниците.

Парија за општествен и економски напредок „ПОЕН“

Сектор за односи со јавноста

 

NEWSLETTER

Stay up To date with our newsletter. We Do Not Spam.

©2024 -ПОЕН - Партија за општествен и економски напредок

Search