АСПЕКТИ НА ИЗБОРНИОТ МОДЕЛ

М-р Симона Ристевска

Утврдувањето на изборниот модел  во една држава, преставува начин за трансформација на волјата на избирачкото тело во држвата и  преточување  во  пратенички мандати  во законодавниот дом.

Се поставува прашањето кој модел дава најсоодветна трансформација на  гласовите во мандати, со цел добивање на оптимално решение, тој треба да  обезбеди  максимален ефект  со минимален импут, при точно утврдени  параметри. 

Токму утврдувањето  на ваквите параметри  дава можност  за понатамошно дефинирање  на активностите во изборните процеси. Во суштина, овде се основни следниве параметри:

1.       Намалување  на влијанието на големите  партиски субјекти и нивно усогласување  со реалните потреби на  изборните политики,

2.       Намалување на родовата  разлика,

3.       Надминување на етничките и верски разлики.

Со оглед на релативно краткиот период  на парламентаризам во Република Северна Македонија од само 30 години логично е да се променат изборните модели, од мнозински, пропорционален па се до комбиниран модел. Моменталнот изборен  модел  им дава предност  на големите политички партии, а на сметка на помалите политички партии,  големите политички партиии  се повеќе стануваат султан партии, а со тоа се прави деградација на политичките институции.

Токму за таа цел  потребно е да се стави акцент на неколку клучни столба, кои се од клучно значење за унапредување на  постоењето на малите политички партии.

1.       Една изборна единица,

2.       Отворени листи,

3.       Паритетни родовни мандати,

4.       Места за  заедниците

5.       Подобрување на донтовата формула

Овие столбови имаат свои предности и мани.

Една изборна единица, отворени листи, пропорционален изборен модел  се повеќе е од сигурно дека на Република Северна Македонија и одговара, со ова се намалува дисторзијата  на политичкиот изборен систем.  Факт е дека со ова ќе изгубат големите партии, но затоа малите партии ќе имаат можност да влезат во еден конкурентен натпревар, а со тоа ќе се демократизираат процесите во државата. Воедно и ќе се даде можност за соодветен и правичен натпревар помеѓу кандидатите  за пратеници, а ќе се зголеми натпреварот помеѓу малите  партии.

Една изборна единица, отворените листи и пропорционалниот изборен модел несомнено ни посочува дека ќе се мобилизираат   квалитетни и успешни кандидати  за пратеници од партиите, а со тоа ќе се поддигне  политичката култура, очетност и ефикасност  на изборните претставници.

Како параметри за подобрување на демократијата  од аспект на полова, расна или друга разлика, а и поради потребата за  европеизација на  општеството, потребно е  да се стави акцент  на точно дефинирани паритетни  мандати  (таканаречени 50-50 формули),  и дефинирање на  местата за заедниците, како клучни чинители  во овие процеси.

Со цел да заживеат  помалите политички партии  кои ќе бидат  политички катализатор  кои ќе бидат  директен фактор на политичката сцена, лично сметам дека на Република Северна Македонија  потребно  и е  целосна промена на Донтовниот модел и негова замена со Сент Лагеовиот модел во една изборна единица со отворени листи. Со ова ќе има поголема мотивираност кај гласачите за учество во изборниот процес, поголема застапеност  на претставниците  од заедниците.

Лично сметам дека потребно е да се застапува идејата за една изборна единица, отворени листи  со примена на Сент Лагеовиот систем со непоголем праг  од 2%, со точно дефинирани места за заедниците.

Со ова  ќе се овозможи изборниот систем да биде репрезентативен, но и да овозможи ефикасно владеење. 

 

NEWSLETTER

Stay up To date with our newsletter. We Do Not Spam.

©2024 -ПОЕН - Партија за општествен и економски напредок

Search