Промена на изборниот модел

Проф. Д-р Илија Ацески

Идејата за промена на правилата на изборниот модел во Република Северна Македонија е во функција на понатамошно јакнење на политичкот плурализам во услови кога е присутна голема поделба на македонското општество по сите основи - политички, партиски, етнички, социјални, религиски, идеолошки. 

Моделот на избори на локално и државно ниво треба да се базира врз елемемти кои треба да обезбедат пред се`, фер и демократски избори, и да овозможат избор на квалитетни кадри, пропорционална застапеноста на претставници во органите на власта на сите групи, на помалите задници и на политичките партии. Собранието мора да ја одразува власта на граѓаните. Гласањето е реализација на правото на глас на секој граѓанин, односно донесување на одлука за понудените политички опции и кандидати, за што неопходно е да се обезбедат фер и демократски избори. 

Процесот на гласање во Македонија и гласачкото однесување е многу сложено и е под влијание на многу фактори кои произлегуваат од етничката и религиската припаност, биполарната партиска поделеност, социјалните и економските фактори својствени за една од најсиромашните држави во Европа, со низок стандард и квалитет на живот. За Македонија има и други фактори кои се исто така значајни: се мисли пред се на бинационалниот карактер на државата кој се препознава во некои сфери од нејзиното функционирање, што скоро две децении се манифестира особено во фромирањето на извршната власт, формирањето на владеачите коалиции и слично. 

Во Македонија, од најчесто практикуваните модели на изборни системи, моделот на партиска идентификација и социолошкиот модел се најпрепознатливи, додека моделот на рационален избор и идеолошка идентификација скоро непрепознатливи. Моделот на партиска идентификација упатува на психолошка поврзаност на гласачите кон партијата, гласањето е резултат на пристрасност и партиска идентификација. Овој модел е најприсутен во нашата држава, имајќи го предвид и фактот дека партиите се монолитни во однос на етничката и религиозната припадност, што од гласачот граѓанин се бара лојалност, да се добие нешто кое се однесува на групата/етничка и религиска, со што се заборава или занемарува индивидуалниот избор, што почесто резултира со подпросечни и просечни кандидат. 

Социолошкиот модел ја потенцира социјалната позиција, класната припаност, регионалната прпадност и припадноста кон религијата и етничката-национална група, и имајќи го предвид фактот што партијата се формира врз етничка основа, јасна е позицијата на избирачот кој најчесто се раководи од нешто кое многу малку е поврзано со индивидуалните карактеристики на кандидатите за избор на локално и државно ниво. Граѓаните се лојални на групата на која припаѓаат, индивидуалниот избор се занемарува, што е својсвено за овие два модели. За нив најмногу одговара пропорционалниот систем со затворени листи. Едноставно се гласа за партија, а кој ќе биде на листата е работа на лидерите на партијата односно телата на партијата, која бара лојални кандидати. Во тие околности е незамисливо да се гласа за припадник на друга етничка група или личност кој има препознатливи квалитети кои се препознатливи кај гласачкото тело. 

За разлика од овие два модели, моделот на рационален избор акцентот го става врз поединецот, неговите способности и вредност. Овој модел е најпожелен, но е најмалку присутен во Македонија. Да се гласа за кандидат, според овој модел, кој ќе води сметка за општите интереси, не посебните, партиските или некои други парцијални на групата и слично. Истражувањата во Македонија покажуваат дека етничката и верската припаднпст се главните фактори кои имаат доминантно влијание врз гласачите. Партиите и гласачите се поделени врз овие основи, проблем е како да профункционира модел на демократија каде толеранцијата и различноста ќе бидат почитувани, а квалитетите на кандидатите ќе бидат во прво место, оние за кои општиот интерес е на прво место. 

Моделот на една изборна единца и отворени листа може да има вредност во неколку сегменти во демократизација и рационализација на изборниот процес и тоа во насока на избор на кандидати кои помалку ќе ги води некој парцијален интерес, интерес на партијата или лични интерес,туку интерес на пошироката заедницаа. Кандидатот за избор нема да ја има врз себе тежината и авторитетот на лидерот на партијата во смисла на негово апсолутно право по секоја цен да влијае врз однесувањето и делувањето на кандидатот кој го задолжил со самиот факт што го подржал и ставил на листата за избор. Гласањето е форма на исполнување на власта со избор на поединечните кандидати и листи. 

За Македонскиот изборен систем отворените листи овозможуваат избирачите да гласаат за одредени личности / кандидати од различни партиски листи, со што суштински ќе се промени улогата на партиските лидери и политичката партија, за тоа кој на кое место ќе се најде на изборната листа. Во право се оние кои мислат дека напуштањето на изборниот модел со шест изборни единици и отворени листи може да значи не само избегнување на политичката криза, или барем да се избегнат некои сегменти кои по правило водат во кризна состојба по изборите. 

Македонското општество е бипартиски поделено, етнички поларизирано, се повеќе сме убедени дека станува збор за политичко уредување кои ги добива карактристиките на бинционална држава, тип на нетериторијална федерација каде улогата на највисоките органи на власта се препознава во бипартизмот и бинационалноста. Уште еден елемент е важен кога пред себе ја имаме состојбата на македонската полиричка сцена , особено во периодот после изборите и формирање на извршната власт, за да се избегнат уцените, непринципиелни коалиции и слично е победникот да добие десет пратеници за да може полесно да ја реализира програмата и ефикасно започне со решавање на проблемите.Со тоа би се избегнале повеќемесечните пазарења на партиите за формирање на владата. Накратко, една изборна единица, отворени избирачки листи и десет пратеници кои му се доделуваат на победникот.

 

NEWSLETTER

Stay up To date with our newsletter. We Do Not Spam.

©2024 -ПОЕН - Партија за општествен и економски напредок

Search