Проф. д-р Ѓорѓи ТОНОВСКИ

Изборниот модел со една изборна единица и со отворени кадровски листи, според својата природа е поблизок до непосредната демократија за разлика од мнозинскиот изборен модел и од пропорционалниот изборен модел. Таквиот модел го продлабочува и го проширува географско-материјалниот, физичкиот простор на демократијата но и функционалниот простор за специфичниот вид на демократско изјаснување низ изборниот ахгажман на граѓаните. Моделот една изборна единица го обединува сегментираното демократско изборно тело.

Вонр. проф. д-р Бојана Наумовска

Целта на секои избори е изразување на волјата на граѓаните, тие со својата поддршка на конкретна политичка партија и конкретна предизборна програма учествуваат во креирањето на политиките, го даваат правецот во кои сакаат да ја видат својата држава како се движи. Со изборите им се дава легитимитет на следните пратеници и носители на извршната власт, со гласањето на изборите граѓаните им го предаваат своето право за одлучување на пратениците. Од тука е сосема логична заложбата, да секој даден глас се вреднува исто и  граѓаните на кој дел од територијата и да живеат да се чуватвуваат еднакви. Тенденцијата на секој изборен модел мора да биде во  насока на обезбедување на поголема еднаквост на гласачите, секако во согласност со останатите општествени случувања.

проф. д-р Темелко Ристески

Вовед

Според член 2 од Уставот на Република Северна Македонија, во Републиката суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Граѓаните, како носители на суверенитетот, се и носители на власта во Републиката. Тие власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување. Доследно спроведен суверенитетот претпоставува супрематија на волјата на граѓаните, покрај другото, и при изборите на пратениците во Собранието на Републиката, претседателот на Републиката, градоначалниците и советниците во советите  на општините и градот Скопје.

Проф. Д-р Илија Ацески

Идејата за промена на правилата на изборниот модел во Република Северна Македонија е во функција на понатамошно јакнење на политичкот плурализам во услови кога е присутна голема поделба на македонското општество по сите основи - политички, партиски, етнички, социјални, религиски, идеолошки. 

Моделот на избори на локално и државно ниво треба да се базира врз елемемти кои треба да обезбедат пред се`, фер и демократски избори, и да овозможат избор на квалитетни кадри, пропорционална застапеноста на претставници во органите на власта на сите групи, на помалите задници и на политичките партии. Собранието мора да ја одразува власта на граѓаните. Гласањето е реализација на правото на глас на секој граѓанин, односно донесување на одлука за понудените политички опции и кандидати, за што неопходно е да се обезбедат фер и демократски избори. 

NEWSLETTER

Stay up To date with our newsletter. We Do Not Spam.

©2024 -ПОЕН - Партија за општествен и економски напредок

Search